Објавено на:

Русите моментално се откaжaa од планот за воведување на Koвид cepтификати

t

Руските пратеници го одложија разгледувањето на нацрт-законот со кој ќе се воведе систем за вакцинални сертификати со QR-код на национално ниво, велејќи дека законот треба да се прилагоди за да се справи со новата омикрон варијанта на Ковид-19.

Татјана Голикова, вицепремиер за социјална политика, труд, здравство и пензиско обезбедување, во петокот изјави за новинарите дека владините претставници, заедно со лидерите на владејачката партија Единствена Русија, одлучиле дека предложениот закон ќе треба да се приспособи пред да се разгледа понатаму. Првично, законот имаше за цел да ги консолидира политиките на различни локални власти, кои од грѓааните бараат доказ за вакцинација за да влезат во ресторани, барови, клубови и масовни настани.

„Со оглед на многуте непознати за развојот на епидемиолошката состојба, владата и партијата Единствена Русија донесоа заедничка одлука да го одложат второто читање на законот“, рече Голикова.

Андреј Турчак, генерален секретар на Генералниот совет на Единствена Русија, појасни дека сегашната легислатива е формулирана минатата година главно како одговор на варијантата Делта и дека треба да се ревидира во светлината на новие случувања. „Единствена Русија ги разгледа деталите на ситуацијата и верува дека единствениот правилен курс е да се одложи разгледувањето на законот“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…