Објавено на:

Русите му се пофалија на Ким со каков арсенал располагаат

t

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја продолжи посетата на Русија со обиколка на аеродромот Кневичи кај Владивосток каде меѓу другото му беше покажан хиперсоничниот ракетен комплекс Кинжал, а потоа во Владивосток го посети бродот „Маршал Шапошников“ од рускиот Пацифичка флота.
Ким беше пречекан од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.


На аеродромот Кневичи, на претседателот на Северна Кореја му беа покажани три авиони на стратешката авијација на руските воздушни сили – хиперсоничниот бомбардер и ракетен носач Ту-160, турбопроп-бомбардерот Ту-95МС и хиперсоничниот Ту-22М3, како и комплексот „кама“ на авионот МиГ-31И.

Ким дозна и за борбените способности на современите модели на оперативно-тактичката авијација на Русија – хиперсоничниот ловец и бомбардер Су-34, ловците Су-30М, Су-35С и јуришниот авион Су-25СМ3.
Покрај тоа, на севернокорејскиот лидер му беше покажан патнички авион Ту-214.
После тоа, Ким и Шојгу се упатија кон Владивосток и ја обиколија фрегатата „Маршал Шапошников“ каде беа сведоци на прикажување на ракетните и артилериските системи на бродот.
Командантот на руската морнарица, адмирал Николај Евменов, ги информираше севернокорејскиот претседател и Шојгу за новите подобрени способности на контролните комплекси кои овозможуваат ефективна употреба на крстосувачки ракети „калибар“ на морските и крајбрежните цели на оддалеченост од 1.500 километри од бродот.
Му беше покажано и новото вооружување на бродот – противбродски ракетни системи „уран“, крстосувачки ракети „калибер“ и артилерискиот систем А-190.
Гостинот од Пјонгјанг се запозна со работата на навигациските системи.
Ким Џонг Ун од вторник е во посета на Русија. Тој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на космодромот „Восточни“, а потоа ја посети фабриката за производство на воени авиони во Комсомолск и присуствуваше на показниот лет на рускиот ловец Су-35.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…