Русите објавија: Го подготвуваме ракетниот систем „Сармат“ за борбена готовност

t

Во тек е процесот за воведување на најновиот ракетен систем „Сармат“ во борбена готовност, изјави командантот на стратешките ракетни сили на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев.

„Од денеска во Стратешките ракетни сили се воведени системи од петта генерација Јарс и Авангард. Работите на воведување на најновиот систем „Сармат“, опремен со супертешка ракета на течно гориво, во борбена готовност продолжуваат“, истакна Каракаев во напис за истражувачко-методолошкиот магазин на Министерството за одбрана на Русија.

РС-28 Сармат е интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) развиена од Русија за да го замени советскиот Р-36М, познат по ознаката во НАТО – Сатана. Тој назив потекнува од можностите на стариот систем, а новиот Сармат, кој често се нарекува Сатана 2, дополнително ги проширува тие способности. Ракетата има дострел до 18.000 километри и способност да носи до 10 тешки или 15 полесни боеви глави, вклучувајќи ги и хиперсоничните клизни системи „Авангард“, се наведува.

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави „Сармат“ како едно од клучните стратешки оружја за време на говорот на 1 март 2018 година, нагласувајќи ја неговата способност да ги заобиколи противракетните системи и да напаѓа цели насекаде во светот.

„Сармат“ е дизајниран да се лансира од подземни силоси, што обезбедува дополнителна заштита и можност за брз одговор во случај на криза. Тоа е еден од најнапредните ракетни системи во рускиот арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…