Русите се повлекуваат од Херсон?!
Руските сили веројатно ќе се повлечат од западниот брег на Днепар, од каде што во изминатите недели се евакуираа цивили. Ова го објавија проруските власти во окупираниот регион Херсон.
„Нашите единици, нашите војници, веројатно ќе се префрлат на левиот брег на Днепар“, изјави заменик-шефот на проруската управа на Херсон, Кирил Стремусов.
Украинците ги бомбардираа и оштетија сите клучни премини преку реката, поради што постоеше опасност руските сили да останат отсечени.
Стремусов ги повика и преостанатите жители да го напуштат Херсон. Украинската војска неодамна соопшти дека нема докази дека руските сили се повлекуваат, туку дека ги зацврстуваат своите позиции и се подготвуваат за одбрана на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…