Русите се пофалија: Целосно освоени уште два украински градови – Укажана му е помош на населението
Мизинцев изјави дека Мелитопол и Херсон целосно ослободени и сега се под контрола на руската армија.
„Мелитопол и Херсон се под целосна контрола на руските вооружени сили, на населението му е укажана сета потребна помош“, изјави началникот на Националниот центар за одбрана на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев.
„Уште еднаш, овие градови се под наша целосна контрола, нивното население продолжува да живее нормално и Русија ги снабдува со сите неопходни работи“, рече генералот, отфрлајќи ги наводите на украинската страна дека испраќа хуманитарна помош во двата града.
Според генералот Мизинцев, руската армија ги уништила сите неонацистички жаришта во предградијата на Мариупол и нивните сили во станбените области долж параметрите на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…