Објавено на:

Русите се пред Покровск – „Тропаат на портите на Доњецк“

t

Руските сили се оддалечени само 1,5 километри од украинскиот град Покровск, наречен „портата на Доњецк“. Истакнатиот проруски блогер Јуриј Подољака во петокот објави дека некои единици навлегле од југ и напредувале кон патниот и железничкиот јазол каде што живееле 60.000 луѓе пред војната.

Според блогерот во градот веќе влегле членови на руски специјални сили, извидувачки групи кои напредуваат пред другите. Во последните денови, украинската армија објави дека руските војници уништиле или зазеле неколку украински позиции во близина на градот.

Падот на Покровск, важен логистички центар за украинската војска, може да биде една од најголемите воени загуби за Украина во последните месеци. Контролирајќи ја „портата на Доњецк“ Москва може да го прекине украинското снабдување долж источниот фронт и да го отвори патот до градот Часив Јар.

Градот е дом и на рудник, единствениот домашен снабдувач на јаглен за коксирање во Украина, од суштинско значење за некогаш огромната индустрија за челик.

Русија контролира една петтина од Украина и сега напредува со своето најбрзо темпо од раните денови на инвазијата во 2022 година.

Во меѓувреме, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден објави уште еден пакет помош за оружје за Украина, вреден 500 милиони долари, се вели во соопштението на државниот секретар Ентони Блинкен.

Утрото во петокот Русија изврши голем напад врз енергетски постројки како одговор на укранскиот напад со американски ракети со долг дострел АТАКМС претходно месецов.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека противењето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на Украина да ѝ се дозволи да пука со американско оружје длабоко во Русија се во целосна согланост со позицијата на Москва.

– Изјавата целосно се усогласува со нашата позиција, со нашиот став за причините за ескалација. Очигледно е дека Трамп точно разбира што ја ескалира ситуацијата, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…