Русите соопштија: Денес се убиени повеќе од 100 националисти, уништени голем број на воени објекти
Брифинг на руското Министерство за одбрана:
„Руската армија употреби ракети „Искендер“ за да уништи повеќе од 100 националисти и платеници кои беа во штабот на одбраната во Харков“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Игор Конашенков.
Дополнително, наведе тој, руската авијација успеала да го оневозможи воениот аеродром во Миргород во областа Полтава, а освен тоа уништила неколку украински хеликоптери и еден авион, како и складиште за гориво.
„Од почетокот на специјалната воена операција уништени се вкупно 125 украински авиони, 88 хеликоптери и 381 беспилотно летало. Уништени се и 1.888 тенкови и други борбени возила, 205 ракетни системи и минофрлачи, како и 1.771 единица моторизирана опрема“, прецизира Конашенков.
Тој исто така рече дека само денеска руската армија погодила 28 украински воени објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…
Во овој момент не постои конкретна закана…
Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…
ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…
Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…
Петровска започна консултации за процесот на трансформација…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки…