Русија: Асад нареди мирно предавање на власта и замина од Сирија

t

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и ја заминал од земјата откако дал наредба за мирно предавање на власта.

Во соопштението кое го пренесува Ројтерс, руското МНР не наведува каде во моментов би можел да се наоѓа Асад и додава дека Русија не учествувала во разговорите околу неговото заминување од Сирија.

„Како резултат на преговорите меѓу Башар ал Асад и голем број учесници во вооружениот конфликт на територијата на Сириската Арапска Република, тој одлучи да поднесе оставка од претседателската функција и да ја напушти земјата, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта“, се наведува во писменото соопштение на руското МНР кое го цитира Ројтерс.
Во соопштението се додава оти Москва е крајно загрижена од настаните во Сирија и ги повика двете страни да се воздржат од насилство и да ги решат прашањата околу власта во земјата со политички средства.„Во тој поглед, Руската Федерација е во контакт со сите сириски опозициски групи“, додава Министерството за надворешни работи на Русија.

Се наведува дека руските воени бази во Сирија се во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…