Русија би можела да го повлече признавањето на независноста на четири земји
Во иднина Русија би можела да го повлече признавањето на независноста на Летонија, Литванија Естонија и Украина, изјави пратеникот на Државната дума Евгениј Фјодоров.
Пратеникот достави до Државната Дума предлог-закон за поништување на резолуцијата на Државниот совет на СССР „За признавање на независноста на Литванија“. Во образложението се наведува дека одлуката е незаконска бидејќи е донесена од неуставен орган со прекршување на барањата од неколку членови од Уставот на СССР.
„Штотуку почнавме од Литванија и јасно е зошто – Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека ќе застанеме тука“, рече Фјодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…