Русија во шок: Се разведува најстарата ќерка на Путин?
Најстарата ќерка на Владимир Путин, д-р Марија Воронцова (36) се разведува од холандскиот бизнисмен Јорит Фасен (42), бидејќи тој наводно не го остварил нејзиниот сон да отвори елитен медицински центар за супербогати странци.
Војната во Украина ги уништила надежите на најстарата ќерка на Владимир Путин. Наводно, Марија сакала да отвори елитен медицински центар за супербогати странци во Русија, пишува Daily Mail.
Се чини дека од тој план нема да има ништо бидејќи Марија се разведува од нејзиниот главен инвеститор, холандски бизнисмен.
Гламурозната д-р Марија Воронцова е родена кога рускиот претседател работеше за КГБ, таа е експерт за ретки генетски болести кај децата.
Таа има голем удел во мегапроектот за изградба на супермодерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. Но сега, по нападот на Украина, прашање е кои Европејци и шеици ќе дојдат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Сопругата на Асад побара развод, не сака…
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…