Русија ги блокираше веб-страниците на ЦИА и ФБИ

t

Русија ги блокираше веб-страниците на ЦИА и ФБИ поради наводно „ширење лажни информации“. Државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор потврди дека „го ограничил пристапот до бројни ресурси кои им припаѓаат на државните структури на непријателските земји“.

Овој потег има за цел да го запре „ширењето на материјали насочени кон дестабилизација на социјалната и политичката ситуација во Русија“, јавуваат руските новински агенции. ТАСС објави соопштение за печатот од Роскомнадзор, во кое се тврди дека ЦИА и ФБИ објавиле неточни информации кои ги дискредитираат руските вооружени сили.

За оваа одлука се уште нема коментар од Вашингтон или од американската амбасада во Москва. Русија го прогласи дискредитирањето на нејзините вооружени сили за кривично дело казниво до пет години затвор. Свесното ширење „лажни информации“ за војската е исто така кривично дело и предвидува максимална казна од 15 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…