Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на одбрана
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да градат уште поблиска соработка на полето на безбедноста и одбраната во иднина, а на тоа ги поттикна руската инвазија на Украина, јави ДПА.
„Веруваме дека нордиската интеракција е поважна од кога било во овие времиња, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гаре Сторе по состанокот со неговите колешки во Осло. Петте лидери се согласија да им наложат на министрите за одбрана и за надворешни работи на нивните земји да ги разгледаат сите сфери на безбедносната политика за да видат дали можеме да ги продлабочиме и максимизираме нашите заеднички интереси“, рече тој.
На средбата се разговараше и за процесот на пристапување во НАТО на Шведска и Финска, климатските прашања и енергетската соработка.
Германскиот канцелар Олаф Шолц им се придружи на премиерите на Норвешка, Шведска, Финска, Данска и Исланд за дел од разговорите. Германската влада со месеци се обидува да воспостави поблиско партнерство со нордиските земји за да ја намали зависноста од увозот на руски гас. Норвешка стана најважниот снабдувач на гас на Германија откако испораките на руски гас нагло паднаа во јуни.
Подоцна денеска Шолц ќе отпатува за Шведска, каде утре претпладне ќе има средба со премиерката Магдалена Андерсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјите складираат злато
Над 40 тони од благородниот метал беа…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…
Во овој момент не постои конкретна закана…
Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…
ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…
Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…