Објавено на:

Русија ги стави Бен Стилер и Шон Пен на црната листа

t

Уште дваесет и пет американски државјани се ставени на црната листа на Русија „како одговор на постојаните санкции на администрацијата на Бајден против руските граѓани”, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Актерите Шон Пен и Бен Стилер се на листата политички, културни и деловни личности, на кои им е забранет влез во Русија. Двајцата актери се најдоа на списокот поради нивната политичка верност кон Украина како одговор на руската инвазија.

Пен и Стилер беа гласни во нивната поддршка за Украина и беа добро прифатени од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На црната листа на актерите им се придружуваат неколку конгресмени и извршни директори.

Највисокорангираниот политичар во неодамнешното ажурирање на руската „црна листа” е секретарката за трговија на САД, Џина Раимондо. Претседателот Џо Бајден беше ставен на листата уште во март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…