Русија го нападна Киев со балистички ракети
Руските сили го нападнаа Киев со балистички проектили, објави 4news.mk Во главниот град и во низа други области е прогласена воздушна тревога, пишува „Украинска правда“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди нападот.
„Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Дејствуваат силите на противвоздушната одбрана. Останете во засолништа!“, порача Кличко.
Тимур Ткаченко, началник на Киевската градска воена управа, исто така информираше дека „непријателски напад со балистички проектили е во тек“.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека се регистрирани „брзи воздушни цели над Черниговската област кои се движеле кон Киевската област, а потоа и кон самиот главен град“.
Снема струја
Во најмалку еден киевски округ веднаш по нападот снемало електрична енергија. Државниот оператор „Укренерго“ претходно денеска соопшти дека украинскиот енергетски систем и натаму е под огромно оптоварување, при што нуклеарните електрани делумно се исклучени од мрежата по масовниот руски напад врз клучната инфраструктура ноќта меѓу 7 и 8 февруари.
Состојбата е особено тешка во Киев, каде што жителите веќе со денови имаат струја само еден и пол до два часа дневно. Во наредните денови се очекува пад на температурите до -19 Целзиусови степени, што дополнително ќе изврши притисок врз енергетскиот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го нападна Киев со балистички ракети
Руските сили го нападнаа Киев со балистички…
Голем стрес за целото семејство: Мајката на…
Пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа, а…
Грчкиот полковник имал апликација за директно испраќање…
Истрагата детално објаснета од „Катимерини“ открива како…
Војници во влага, на перници стари со…
Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради…
Новите газди на „Еурокомпозит“ ќе произведуваат панцири,…
„Еурокомпозит“ имаше неизвесна судбина повеќе од 15…