Објавено на:

Русија го презеде претседателството со БРИКС, Путин најави повеќе од 200 настани

t

Од 1 јануари Русија го презеде претседателството со БРИКС, организација која во моментов вклучува 10 земји. Нови полноправни членки на БРИКС се Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија. Ова убедливо говори за зголемениот авторитет на здружението и нејзината улога во светските работи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.


Според него, БРИКС привлекува се повеќе поддржувачи и истомисленици – земји кои ги споделуваат основните принципи на кои се засноваат неговите активности.
„Тоа се суверена еднаквост, почитување на изборот на сопствениот развојен пат, взаемно почитување на интересите, транспарентност, консензус, стремеж кон формирање мултиполарен светски поредок и праведен модел на глобалниот финансиски и трговски систем, потрага по колективен решенија за актуелните проблеми“, рече рускиот лидер.


Путин нагласи дека токму во овој дух, фокусирајќи се на позитивната, креативна соработка со сите заинтересирани земји, руското претседателство со БРИКС во 2024 година ќе се одржи под мотото: „Зајакнување на мултилатерализмот со цел фер глобален развој и безбедност“.
„Се разбира, ќе ја земеме предвид подготвеноста на многу други земји, а сега ги има околу 30, да се приклучат на БРИКС и неговата повеќекратна агенда во некоја форма. Поради оваа причина, активно ќе работиме на разработка на модалитетите на новата категорија партнерски држави на организацијата“, рече претседателот на Русија.

Тој рече дека, генерално, Русија ќе продолжи со напорите за промовирање на целиот комплекс на партнерска соработка во рамките на БРИКС во три клучни насоки: политика и безбедност, економија и финансии, културни и хуманитарни контакти.
Путин најави дека како дел од претседавањето со БРИКС се планирани да се одржат повеќе од 200 настани од различни нивоа во многу градови во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…