Русија го прогласи Навални за терорист
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен на листата на терористи и екстремисти на руската служба за финансиски мониторинг „Росфинмониторинг“, која е задолжена за борба против перење пари и финансирање тероризам.
На списокот се најде и една од неговите соработници Љубов Собол, која побегна во егзил пред да биде кривично гонета.
Покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни на списокот се додадени уште најмалку девет лица поврзани со неговото движење. Во средината на јануари, на списокот беа додадени двајца од главните соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во егзил.
Списокот вклучува илјадници луѓе и стотици исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија, како што се талибанците и Исламската држава.
Навални беше уапсен на 17 јануари минатата година во Москва, откако се врати од лекување во Германија по тешкото труење во август, за кое го обвинува рускиот претседател Владимир Путин. За измама е осуден на две и пол години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Алексеј има само три…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Белград: Демонстрантите ја скршија оградата пред зградата…
Во Белград вечерва се одржуваат протести кои…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Затворени избирачки места во Србија, опозицијата имаше…
Избирачките места во Србија за вонредните парламентарни,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…