Објавено на:

Русија денеска ја запре испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1

t

Русија денеска ја запре испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1. Европа е информирана дека Газпром ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 кон Германија од 31 август до 3 септември.

Единствената исправна пумпна единица Трент 60 ќе биде запрена три дена поради одржување и превентивно одржување, се вели во соопштението на руската нафтена компанија. Со ова се остварија стравувањата на Европските влади дека Москва би можела да го продолжи овој прекин со цел да врати за санкциите што беа воведени против Русија по инвазијата врз Украина.

Тие го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека ги користи енергетските резерви како воено оружје, додека Москва ги негира таквите тврдења.

Документите пронајдени на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида најверојатно биле скриени за да се спречи истрагата на ФБИ за неговата потенцијална злоупотреба на доверливи материјали, соопшти денеска американското Министерство за правда.

Ваквата реакција доаѓа по минатонеделното барање на Трамп, независна страна да ги прегледа документите запленети во текот на рацијата на FBI.

Именувањето на специјален надзор е непотребно и значително би им наштетило на важните интереси на владата, вклучително и на националните безбедносни интерес, информираа од белата куќа. Претходно Трамп бараше и поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, со тврдење дека се украдени во полза на неговиот противкандидат Бајден.

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска треба да пристигнат во Запорожје, и да ја проверат состојбата со најголемата нуклеарна централа во Европа.

Надзорот ќе трае еден или два дена, а по завршување на истиот, 8мина инспектори ќе останата во комплексот, за и натаму да ја следат состојбата со централата.

Инаку, во моментов атомската централа е под контрола на руските воени сили, а во неа работи украински технички персонал. Русите уште на почетокот од инвазијата ја зазедоа, под изговор дека Киев сака да развива атомско оружје.

Русите веднаш ги повикаа инспекторите од ОН да ја проверат состојбата, но досега Украина се противеше на тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…