Русија додаде уште пет држави на списокот „непријателски земји“
Русија го прошири списокот со „непријателски земји“, со уште пет држави, Хрватска, Словенија, Грција, Данска и Словачка.
Петт земји беа додадени на црната листа поради „непријателските дејствија против Русија, пред се против нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.
Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во ангажманот на соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.
Списокот што го утврди Москва, не е конечен и може да се прошири со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство – се наведува во владиното соопштение, објавено на каналот Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…