Русија забрани влез на двесте Американци, меѓу нив и браќата и сестрата на Бајден
Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Руската Федерација, меѓу кои двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.
Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.
„Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
На листата се Џејмс Брајан Бајден и Френсис Вилијам Бајден, двајцата браќа на американскиот претседател, како и неговата сестра Валери Овенс.
Исто така, на списокот е и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој силно ја критикуваше руската офанзива во Украина, како и разни политички личности и членови на американската администрација. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…