Објавено на:

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина со кинжали и шахеди

t

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина утринава, користејќи беспилотни летала „шахед“, крстосувачки ракети „калибр“ и аеробалистички ракети „кинжал“, пишува „Киев пост“.

Нападот започна во среда навечер со лансирање групи беспилотни летала „шахед“ од неколку насоки. Иако на почетокот се чинеше дека главна цел е Киев, украинските воздухопловни сили подоцна разјаснија дека беспилотните летала се движеле во различни насоки. Околу полноќ, експлозии одекнаа низ главниот град и беше активирана воздушната одбрана, а локалните медиуми објавија и експлозии во Чернигов, во близина на руската граница.

Ескалацијата следеше околу 3 часот наутро, кога полетаа неколку руски авиони „МиГ-31К“, по што, според воздухопловните сили, ракети „кинжал“ беа лансирани кон регионот Ривне. Во исто време беа регистрирани и лансирања на крстосувачки ракети „калибр“ од Црното Море.

Главните цели на рускиот напад овој пат беа западните региони. Експлозии беа регистрирани во Ривне, Лвов, Луцк (Волинска област) и Мукачево (Закарпатска област).

Едно лице загина во Лавов

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, потврди три експлозии во градот. Недолго потоа, началникот на регионалната воена администрација, Максим Козицки, ги објави трагичните последици на Телеграм.

„Според прелиминарните информации, како резултат на комбиниран напад со беспилотни летала и крстосувачки ракети, едно лице е убиено, а две други се повредени. Десетици станбени згради се оштетени“, напиша тој. Сите служби за итни случаи и комунални услуги се на терен.

Во Мукачево, според извештаите од локалните власти, проектил погодил компанија. Спасувачките служби се на местото на настанот, а жителите се предупредени за можно загадување на воздухот.

„Ги молиме сите цврсто да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор освен ако не е апсолутно неопходно“, соопшти градскиот совет.

До 7:15 часот наутро, најмалку 12 лица беа потврдени како повредени. Десет од нив беа префрлени во болница, додека двајца побараа помош сами. Пет пациенти се хоспитализирани и сите се во стабилна состојба, јавуваат регионалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина…

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина…

Медведев за Макрон: „Глупав Галски петел“

Русија нема да прифати никакви војници на…

Управителот на Лајконет Македонија си поднесе оставка…

Неизвесноста околу иднината на „Лајконет Македонија“ дополнително…

(Видео) Кардиологот Сашко Кедев со сериозно обвинување:…

Приватните луѓе праќаат пациенти на операција, кај…

Израел започна офанзива врз Газа

Израелската војска започна офанзива врз градот Газа,…