Русија изврши страшен напад врз Украина: Пет лица го загубија животот, меѓу кои и бебе
Најмалку пет лица, меѓу кои и едногодишно дете, загинаа во руски напад со дронови врз украинскиот град Прилуки, во Черниговската област, изјави утрово гувернерот на регионот, Вјачеслав Чаус.
„Во текот на ноќта, противникот изврши напад со дронови врз Прилуки. Како последица на експлозиите, беа оштетени куќи во станбениот дел од градот“, соопшти Чаус преку платформата Телеграм, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.
Според првичните информации, покрај загинатото дете, животот го загубиле и две жени. Детето било извлечено од под урнатините на разрушените објекти.
Шест лица се повредени и пренесени во локалните болници, каде им се укажува потребната медицинска помош. Локалните власти најавија дека спасувачките екипи и натаму се на терен и работат на расчистување и обезбедување на погоденото подрачје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…