Русија им забрани на новинарите од непријателските држави да присуствуваат на економскиот форум во Санкт Петербург

Москва објави дека на новинарите од, таканаречените , „непријателските држави“ нема да им биде дозволено да присуствуваат на овогодинешниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, пренесе РИА Новости.
Економскиот форум во Петербург се смета за руска верзија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Претседателот Владимир Путин го користи форумот, еден од ревијалните настани во земјата, за да ја рекламира руската економија пред глобалните инвеститори. Оваа година форумот ќе се одржи од 14 до 17 јуни.
Според Ројтерс, на западните новинари никогаш не им било забрането да го покриваат форумот на таков широк начин. Но, оваа забрана, објавена во саботата, доаѓа во време на постојани тензии меѓу Москва и западните земји кои воведоа обемни санкции кон Русија поради тековната војна на земјата во Украина.
„Одлучено е овојпат да не се акредитираат медиуми од непријателски земји“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, за државниот медиум ТАСС во саботата.
Списокот на Кремљ на „непријателски земји“ е составен од оние кои ја санкционираа Русија поради војната во Украина.
Некои западни новинари првично беа акредитирани да го покриваат форумот оваа година.
Редакцијата на Ројтерс во Москва во четвртокот добила потврда за акредитација, но следниот ден била известена дека акредитацијата за нејзините новинари е откажана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…