Русија и Белорусија не добија покана за погребот на кралицата Елизабета
Велика Британија не повика претставници на Русија, Белорусија и на Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи следниот понеделник. Информацијата ја даде извор од Вајтхол.
Како што јави Би-би-си, околу 500 достоинственици од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на кралицата.
Поканите до државите најчесто се однесуваат на шефовите на државите и еден придружник.
Од Република Македонија на Кралицата Елизабета последна почит ќе ѝ оддадат претседателот Пендаровски и неговата сопруга, соопштија вчера од кабинетот на Претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…