Русија и Индија преговараат за заедничко производство на воздухопловно оружје
Рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ преговара со индиски компании за заедничко производство на воздухопловно оружје за индиските воздухопловни сили, пренесуваат во вторникот руските медиуми.
„Робороенкспорт соработува со јавни и приватни индиски претпријатија за организирање заедничко производство на воздухопловно оружје и негово интегрирање во постоечката воздухопловна флота на Индија“, го цитира агенцијата РИА извршниот директор на рускиот воен концерн Александр Микеев,
Во информацијата не се дадени поединости за тоа кои индиски компании ќе учествуваат во производството, ниту кога потенцијалното производство ќе започне.
Русија е најголем снабдувач со оружје на Индија. Дури 45 отсто од оружјето увезено за индиската одбрана во минатата 2022 година биле од Русија, според годинешниот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (SIPRI).
Микеев порачува деа „Рособоронекспорт“ и партнерите од Индија за индиското Министерство за одбраната набавиле борбени авиони од моделот „Су-30 МКИ“, тенкови, оклопни борбени возила и гранати.
Индија и Русија на почетокот од годинава започнаа заедничко производство на автоматските пушки „Калашников АК-203“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова несреќа: Седуммина загинати во пад на…
Цивилен хеликоптер се урна денес во северната…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Бројот на жртви во падот на Боингот…
Бројот на жртви во падот на авионот…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…