Русија и Кина се светски лидери во изградбата и дизајнот на нуклеарни реактори
Русија и Кина го прошируваат своето присуство во сферата на нуклеарната енергија и земјите во моментов се дом на речиси 70 отсто од светските реактори кои се или во изградба или во фаза на проектирање, пишува јапонскиот весник „Никеи“ анализирајќи ги податоците на Информативен центар за електрична енергија на Јапонија.
Во моментов, 110 нуклеарни реактори од трета генерација, кои се во согласност со посилните безбедносни мерки по несреќата во нуклеарната централа во Чернобил, се или во изградба или во фаза на проектирање. Кина има 46 реактори, а потоа следи Русија со 30. Севкупно, тие заземаат 69 отсто од светскиот пазар во оваа област.
Во исто време се градат 33 реактори или се планира нивна изградба надвор од тие земји. Русија има најголем број „странски реактори“, 19 од нив, и без разлика на ставот што расте во Европа и САД поради ситуацијата во Украина, таа сепак има светско влијание во нуклеарната енергија. Весникот наведува и голем број успешни проекти, како што се изградбата на нуклеарната централа „Акујо“ во Турција и „Ед-Даба“ во Египет, додека Кина ги зајакнува своите врски во сферата на нуклеарната енергија со Пакистан и планира да изгради нуклеарна централа во Аргентина.
Од друга страна, во Соединетите Американски Држави, Европа и Јапонија, по несреќата во јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“, која беше предизвикана од земјотрес и цунами во 2011 година, изградбата на нови реактори беше одложена.
Сферата на нуклеарната енергија станува сè попроблематична и оваа ситуација го попречува нејзиниот развој. Јапонскиот извоз поврзан со нуклеарната енергија падна за 5,5 пати помеѓу 2010 и 2020 година, а јапонската влада се соочува со противење од локалните власти поради обидите за рестартирање на реакторите.
Западните земји и Јапонија се надеваат дека ќе го достигнат, користејќи мали модуларни реактори од четвртата генерација за кои се смета дека се компактни и безбедни. САД се обидуваат да предложат реактори на Тајланд и на Филипините. Покрај тоа, Јапонија, Канада, Велика Британија, САД и Франција во април оваа година се договорија за соработка во сферата на нуклеарното гориво и одржување на стабилни синџири на снабдување со цел да се намали зависноста на светскиот пазар од Русија како снабдувач на овие ресурси.
Како што наведува весникот, тоа тешко дека ќе се случи со оглед на тоа што Русија и Кина се најсилни на технолошки план, а тоа важи и за збогатениот ураниум. Покрај тоа, важен фактор за земјите во развој е тоа што Русија зема потрошено нуклеарно гориво за преработка. Во случај Кина и Русија да ја зајакнат својата доминација во нуклеарната енергија, која е клучот за енергетската безбедност, нивното влијание на меѓународната политичка сцена ќе биде уште посилно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…