Русија и Северна Кореја се закана по националната безбедност на САД
Националната безбедност на САД е под ризик бидејќи Русија се снабдува со американски воени производи а Северна Кореја ги интензивира кибер нападите против западниот финансиски систем, се вели во најнов извештај на Министерството за финансии.
Документот објавен денеска е посветен на ризиците поврзани со перење пари, финансирање на тероризмот и пролиферација на технологии за нуклеарно оружје.
Во извештајот се вели дека Русија прави зголемени напори за незаконско стекнување на артикли произведени во САД што можат да се користат во воени цели и ги крие таквите спогодби со подметнати компании и транзитни локации.
Според министерството, САД исто така се судираат со зголемена опасност од страна на Северна Кореја бидејќи мрежи поврзани со оваа земја активно користат дигитална економија како на пример вршење кибер активности против обезбедувачите на услуги во областа на виртуелните активи.
Во извештајот детално се опишуваат најновите трендови во борбата против перење пари и финансирање на тероризмот, како и во областа на следење на незаконски текови на пари.
-Тероризам, трговија со дрога, руската агресија или корупција, како и незаконското финансирање лежат во основата на сите тие вонредно сериозни закани по националната безбедност на нашата земја, се вели во изјавата на Брајан Вилсон, заменик министер за борба со тероризмот и финансиско разузнавање.
Во извештајот исто така се истакнува дека Хамас го користи меѓународниот финансиски систем со привлекување пари од отворени и затворени спонзорства. Целта на САД е да стави крај на финансирањето на оваа организација по нејзиниот напад на Израел лани.
Во извештајот се истакнува за сериозната закана во САД од ширењето на екстремистички организации внатре во земјата кои прибегнуваат по насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…
Министерството за одбрана на САД објави инсерти…