Русија и Србија формираа работна група: Ќе се утврдува дали Белграм продавал оружје на Киев
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави, во врска со соопштението од Москва дека српската одбранбена индустрија сè уште продава оружје на украинската страна, иако се прогласи за неутрална, дека за ова разговарал во Москва со рускиот претседател Владимир Путин насамо и дека не може да даде детали.
„Формиравме работна група за утврдување на фактите“, рече Вучиќ во интервју за Дневник на РТС, додавајќи дека некои од работите што се изнесени таму не се вистинити. „Оние што до вчера велеа дека сум руски шпион сега ќе кажат поинаку, но ние работиме исклучиво за Србија“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека Србија е независна и суверена земја која е на европскиот пат и која имала храброст да го испрати своето раководство на парадата во Москва и покрај ужасниот притисок. Тој додаде дека Србија ќе продолжи да гради добри односи со сите и дека вечерва разговарал со рускиот амбасадор во Белград на оваа тема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…