Објавено на:

Русија и Украина го продолжија договорот за извоз на украинското жито

t

Договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа, кој требаше да истече денеска, е обновен, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Договорот за коридорот за жито требаше да истече денеска. Како резултат на нашите преговори со двете страни (Русија и Украина), обезбедивме продолжување на овој договор“, рече Ердоган во обраќање во западниот град Чанакале.

Тој им се заблагодари на ОН за напорите за продолжување на овој договор, јави телевизијата ТРТ.

Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков изјави дека договорот е продолжен за 120 дена.

Русија првично побара договорот да биде обновен за само 60 дена, половина од рокот на претходното продолжување, додека Украина настојуваше за 120 дена.

Црноморската иницијатива за жито, со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, овозможува извоз на жито од три украински пристаништа. Таа беше продолжена во ноември и е во сила до 18 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…