Објавено на:

Русија користела „експериментална“, а не интерконтинентална ракета во нападот во Украина, тврди американски претставник

t

Русија употребила „експериментална“ балистичка ракета со среден дострел во нападот на Украина, а не интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), јавија повеќе западни агенциии, повикувајќи се на неименуван официјален американски претставник.

– Русија можеби се обидува да ја искористи оваа способност за да ја заплаши Украина и нејзините поддржувачи… но ова нема да биде пресвртница во конфликтот, рече американскиот претставник, пренесува Франс24.

Украина денеска ја обвини Русија за лансирање на нуклеарно способна ICBM како дел од нападот на централниот град Дњепар.

Американскиот претставник објасни дека употребената ракета била „експериментална балистичка ракета со среден дострел“ и дека Русија „веројатно поседува само неколку вакви експериментални ракети“.

– Украина издржа безброј напади од Русија, вклучувајќи и ракети со значително поголеми боеви глави од ова оружје, додаде претставникот.

САД во последните неколку денови ја информирале Украина и сојузниците за можната употреба на ова оружје од страна на Русија. Претставникот, исто така, потсети дека претседателот Џо Бајден претходно оваа година објави планови за испорака на стотици ракети „Патриот“ и „АМРААМ“ за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

– САД ќе продолжат да ја зголемуваат безбедносната помош за Украина за да ги зајакнат нејзините капацитети, вклучително и воздушната одбрана, и да ја стават Украина во најдобра можна позиција на бојното поле, рече американскиот претставник.

Напнатоста меѓу Москва и западните сојузници на Киев расте откако украинските сили во вторникот нападнаа руска територија со западно оружје со долг дострел, откако добија зелено светло од Вашингтон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ракетниот напад врз Дњепар ги има „сите карактеристики“ на напад со ICBM и го обвини Кремљ дека „ја користи Украина како полигон за тестирање“.

Локалните власти во Дњепар соопштија дека во нападот бил погоден инфраструктурен објект, а две цивилни лица се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…