Русија му даде азил на Асад и неговото семејство
Русија му даде азил на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад и на членовите на неговото семејство, објавија руските медиуми.
Рано утринава падна сириската Влада, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, а на улиците излегоа толпи народ за да го прослават крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад.
Според извори од Кремљ, Асад и неговото семејство пристигнале во Москва.
„Русија отсекогаш зборувала за политичко решавање на сириската криза. Ние инсистираме да се обноват разговорите со посредство на ОН. Руските власти се во контакт со претставници на вооружената сириска опозиција, чии лидери ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски мисии на сириска територија“, објавија руските медиуми.
Сириската државна телевизија утринава објави видеоизјава на група мажи во која се вели дека претседателот Башар ал-Асад е соборен и сите затвореници во затворите се ослободени.
Човекот кој ја прочита изјавата рече дека опозициската група позната како „Оперативна соба за освојување на Дамаск“ ги повика сите опозициски борци и граѓани да ги зачуваат државните институции на „слободната сириска држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…