Објавено на:

Русија му одговори на Трамп: Ако го направи ова, него и Америка ги чека најлошиот можен пекол

t

Доколку Соединетите Американски Држави ги принудат земјите да го користат доларот, тоа би можело да ја зголеми тенденцијата земјите да се префрлат на користење национални валути во странски економски активности, изјави на брифингот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, не се само земјите од БРИКС.

Генерално, се повеќе земји почнуваат да користат национални валути при вршење на трговско-економски и надворешно-економски активности, истакна портпаролот.

– Тоа е процес кој зема замав во целиот свет. Од друга страна, ако САД примени сила во економска смисла, како што велат, со цел да ги принуди земјите да го користат доларот, веројатно уште повеќе ќе ги зголеми тие тенденции да се префрлат на националните валути, им рече Песков на новинарите на прашањето дали заканата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги принуди земјите да продолжат да го користат доларот во меѓународната трговија, елемент на трговската војна.

Претходно, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на земјите од БРИКС дека ќе им воведе „100% царини“ доколку не се откажат од плановите за создавање алтернативна валута на доларот.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е рано да се зборува за создавање единствена валута БРИКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…