СТАНУВА ЖЕШКО: Русија најави употреба на најмоќните ракети – „циркон“
Руското Министерство за одбрана нарача нова серија на најсовремени хиперсонични ракети Циркон, изјави извор за руската државна новинска агенција ТАСС.
„Како што претходно беше најавено, првиот договор за производство на серијата Циркон беше потпишан во летото 2021 година. Дополнителен договор – оваа есен“, изјави изворот без да прецизира точен датум. Според изворот на ТАСС, дополнителниот договор вклучува неколку десетици проектили и треба да биде реализиран во 2023 година.
ТАСС соопшти дека сè уште нема официјална потврда за информациите што ги изнесе изворот.
Циркон (Cirkon 3M22) е нова руска хиперсонична крстосувачка ракета од најновата генерација, која може истовремено да уништи два или повеќе најсовремени бродови или носачи на авиони. Кон крајот на ноември 2017 година „Циркон“ влезе во руските вооружени сили. Боевата глава што ја носи Циркон е 300-400 кг.
Според извештајот објавен од американскиот магазин Newsweek , новата ракета тестирана од руската морнарица е смртоносно оружје кое се уште е во развој, но може да го промени текот на војната во Украина. Новата ракета може да биде насочена кон која било цел од голема далечина и не може да биде пресретната од ниту еден од постоечките системи за противракетна одбрана.
Newsweek го цитираше одбранбениот експерт Николас Драмонд, кој вели дека Русија „сигурно ќе се обиде“ да ги користи ракетите Циркон кога тие ќе бидат подготвени да бидат распоредени. Тој посочи дека „Циркон“ е исклучително скапа ракета чија цена се движи меѓу пет и 210 милиони долари по проектил, а наменета е за напад на бродови, особено на носачи на авиони.
Експертот тврди дека новата ракета „може да се користи и како оружје на бојното поле за уништување на аеродроми и стратешки копнени цели, како што се складишта за муниција и гориво, магацини за логистичка опрема и така натаму“.
Во април 2017 година, беше објавено дека Циркон постигнал брзина од 8 маха (9.800 km/h – 2.722,3 m/s). ) за време на тестот за летање. Циркон беше повторно тестиран на 3 јуни 2017 година, речиси една година порано отколку што најавија руските официјални лица. Во ноември 2017 година, генерал-полковник Виктор Бондарев изјави дека проектилот веќе бил во употреба.
Претходно беа извршени ракетни тестови на фрегатата на Северната флота „Адмирал Горшков“. Во 2021 година, Русија ги започна своите први тестови на оружје од подморницата на нуклеарен погон Северодвинск. На почетокот на ноември ТАСС објави дека е дизајниран и изграден мобилен ракетен фрлач на крајбрежјето.
Објавата дека едно од најмоќните оружја нна Русија треба да се стави во употреба веќе во 2023-та година е потенцијал дека војната во Украина значително ќе ескалира, а употребата на моќни ракети чија првична намена е против бродиви е можна претпоставка дека Русија очекува проширување на воениот фронт против сили кои имаат и морнарица, што денес не е случај со војската на Украина. Во таков случај, која е потенцијалната цел на ракетите Циркон?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…