Објавено на:

Русија најави уште еден прекин на огнот за евакуација на цивили

t

Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.

– Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори, соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада, пренесоа светските агенции.

Според Москва, предлогот ќе биде пренесен на украинските власти, кои до полноќ треба да потврдат воспоставување на хуманитарни коридори и од колку часот тие ќе бидат во функција.

Утринава беа воспоставени патишта за евакуација на цивили, особено од местото Суми на североисток, од каде во текот на денот тргнаа два конвои.

Продолжуваат евакуациите и во регионот на Киев. Во другите градови, како Буча на север и Мариупол на југ, цивилите сè уште се блокирани.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…