Русија: На Европејците скоро ќе им стане јасно дека не можат да ја победат Русија
Фактот дека победата за Киев не е можна на Европејците им е се појасен, изјави за Спутник Константин Гаврилов, шеф на руската делегација на преговорите во Виена за воена безбедност и контрола на оружјето.
„Нашите соговорници во Виена наведуваат дека меѓу Европејците постои разбирање дека Украина нема да може лесно да победи и дека победата во принцип е невозможна. „Тие ја препознаваат моќта и организацијата на руската армија, која има стекнато колосално борбено искуство на боиштата“, рече тој.
Според него, состојбата за „натовците“ се влошува поради тоа што нивниот воено-индустриски комплекс е во пад.
„Тие веќе и ги доставија на Украина сите резерви на системите за противвоздушна одбрана „Стрингер“ и „Јавелин“, магацините се празни и ќе требаат години да се наполнат, а тоа не оди најдобро со исцрпените европски магацини и производството на гранати. “, објасни рускиот дипломат.
Москва постојано ги предупреди западните земји дека испораките на оружје за Украина не менуваат ништо и само го продолжуваат конфликтот. Како што истакна министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, САД и НАТО директно учествуваат во тој конфликт не само со испорака на оружје, туку и со обука на војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…