Русија негира нови преговори со САД во Ријад на 25 февруари
Состанокот на претставниците на Русија и САД во Ријад не се подготвува за 25 февруари, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
„Не можам да го потврдам тоа. „Ниту една средба не се подготвува во Ријад“, рече тој.
Претходно голем број медиуми објавија дека следната рунда руско-американски преговори ќе се одржи на 25 февруари во Ријад.
На 18 февруари руската и американската делегација одржаа разговори во Ријад кои траеја околу 4,5 часа. Русија на средбата ја претставуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев. Американската делегација на разговорите ја сочинуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…