Русија нема да бара екстрадиција на оние кои избегаа од мобилизацијата
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нема да бара екстрадиција од странски влади за илјадниците руски државјани кои ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација поради војната во Украина.
-Во рамките на делумната мобилизација, руското Министерство за одбрана не испрати, не подготви и нема да испрати барања до Казахстан, Грузија и други земји во врска со можното присилно враќање во Русија на руските државјани кои се на нивна територија, се вели во соопштението.
По објавата за „делумна“ воена мобилизација на резервисти на 21 септември, десетици илјади военоспособни Руси избегаа во странство, најмногу во поранешните советски републики Централна Азија и регионот на Кавказ.
Ако руски државјанин добие покана и не се појави во соодветниот воен комесаријат, теоретски може да се смета за дезертер и да се стави на списокот на барани лица во Русија.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…