Русија: Нема смисла да воспоставиме примирје, Украина ќе го искористи за провокации
Првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, денеска изјави дека Москва не гледа смисла да се воспостави примирје во Украина во оваа фаза од војната, бидејќи стравува оти Киев може да го искористи за да организира „провокации“, објави руската провладина новинска агенција РИА.
Тој исто така тврдеше дека руската војска, наспроти обвинувањата од Украина, не погодила станбени области во пристанишниот град Одеса.
Украинската воздушна одбрана во саботата објави дека два проектили погодиле воен објект и две станбени згради во Одеса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…
Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…