Русија не е поканета на годишнината од ослободувањето на Аушвиц
Претставници на Русија нема да бидат поканети на 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, што ќе се одбележува на 27 јануари следната година.
Пјотр Цивињски, директор на музејот Аушвиц-Биркенау, истакна дека годишнината ќе им оддаде почит на жртвите на логорот, но тоа е и „годишнина од ослободувањето“.
„Тешко е да се замисли присуството на Русија овде, која очигледно не ја разбира вредноста на слободата. Таквото присуство би било цинично. Би сакал тоа да биде можно повторно еден ден, но да бидеме сериозни – сигурно нема да биде во следните четири месеци“, рече тој.
Ова е третпат од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година Музејот Аушвиц-Биркенау, кој се наоѓа во јужниот полски град Ошвиенцим, да не поканува руски претставници.
Пред тоа, Русија секогаш учествуваше на церемонијата посветена на ослободувањето на Аушвиц, што се одржува секоја година на 27 јануари. На денот на целосната инвазија на Русија на Украина, музејот ја осуди руската офанзива како „варварски чин“.
Во јуни 2022 година, музејот објави дека станал предмет на руска пропаганда која се обидува да ја искористи за да ја докаже наводната русофобија на Запад.
Нацистичка Германија го изгради логорот на смртта Аушвиц-Биркенау по инвазијата на Полска за време на Втората светска војна. Германските нацисти убија околу 1,1 милион луѓе во Аушвиц, главно Евреи, како и Полјаци, Роми, советски воени затвореници и луѓе од други националности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светските лидери реагираат на израелскиот напад врз…
Среде моќните напади на Израел врз Либан,…
Русија не е поканета на годишнината од…
Претставници на Русија нема да бидат поканети…
Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил…
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30)…
БЛУМБЕРГ: Планот за победа на Зеленски не…
Војната во Украина трае речиси илјада дена.…
ДЕНЕСКА Е СВ. АВТОНОМ: Незнабошците јурнаа во…
Денеска се слави Светиот свештеномаченик Автоном. Во…