Објавено на:

Русија не останува должна: По протерувањето на 70 дипломати, затвори два конзулати во Бугарија!

t

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е коалициски партнер на Петков во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец, јави МИА од Софија.

Ова следи по вчерашната одлука на бугарските власти да протераат 70 руски дипломати кои работеле во БУгарија, за кои премиерот во оставка Кирил Петков рече дека работеле за служби, а дипломатската работа им била покритие.

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е коалициски партнер на Петков во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Владислав Панев од Демократска Бугарија, исто така коалициски партнер на Петков, рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…