Русија: Ние не ја нападнавме катедралата “Преображение” во Одеса!

Информациите што ги дистрибуираше режимот во Киев во врска со уништувањето на катедралата “Преображение” во Одеса како резултат на употребата на оружје со висока прецизност не соодветствуваат со реалноста, објави мисијата на Русија во ОБСЕ на Телеграм.
-Сите објекти предвидени за уништување се уништени ноќта на 23 јули годинава, каде режимот во Киев, заедно со странски специјалци, подготвуваше терористички дејствија против Руската Федерација, беа лоцирани на безбедно растојание од катедралата „Преображение“.
Планирањето на удари со прецизно оружје против воени и терористички инфраструктурни објекти на режимот во Киев се врши врз основа на информации внимателно проверени и потврдени преку неколку канали, свесно исклучувајќи ги цивилните објекти, како и местата на културно и историско наследство.
Според снимките од катедралата „Преображение“ во Одеса објавени од локалните жители, најверојатната причина за нејзиното уништување е падот на украинската противвоздушна наведувана ракета како резултат на неспособните дејствија на операторите на системи за противвоздушна одбрана, кои АФУ намерно ги поставува во станбени области, вклучително и Одеса, велат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адмирал на НАТО за Украина: Лошиот мир…
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал…
Путин потпиша декрет: 160.000 млади луѓе мора…
Русија ќе започне пролетна кампања за регрутирање,…
Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…
Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…