Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја ги советуваше западните земји да се подготват за фактот дека наскоро единствена тема на меѓународните состаноци за Украина ќе биде безусловната капитулација на режимот во Киев.
– „Обидите на шефот на режимот во Киев (Володимир Зеленски) да ги промовира своите формули и да свика самити како знак на поддршка за режимот во Киев само предизвикуваат сомнежи. Наскоро единствена тема на сите меѓународни состаноци за Украина ќе биде безусловната капитулација на режимот во Киев. Ве советувам да се подготвите за тоа однапред“, рече Небензја на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Според Небензја, новите западни пакети помош нема да придонесат за пресвртници во конфликтот во Украина.
„Пред нашите очи се случува радикален пресврт во воените операции. Ниту новиот пакет на западна воена помош, ниту новите таканаречени „фронтални напади“, ниту контранападите на режимот во Киев нема да можат да ја променат оваа тенденција.
„Украина денес не е ништо друго туку приватна воена компанија која се бори за Западот и со западно оружје до последниот Украинец“, рече Небензја. Небензја, исто така, рече дека масовните напади на Русија со високопрецизно оружје врз енергетскиот комплекс на Украина се одговор на обидите на Киев да ја оштети руската нафтена и гасна инфраструктура и енергетски капацитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…