Русија почнува со градба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија!
Рускиот нуклеарен гигант „Росатом“ ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-би-си.
Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.
„Нека започне изградбата!“, порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.
Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски сојуз.
„Ова е голем чекор, важна пресвртница“, додаде Сијарто. „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата“.
Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.
Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…