Објавено на:

Русија пренасочува 60% од досегашниот извоз на нафта во Европа кон Азија

t

Во 2023 година Русија ќе пренасочи 140 милиони тони нафта и нафтени деривати во Азија, од 220 милиони што претходно беа извезени во Европа, најави рускиот вицепремиер Александар Новак.
„Околу 40 милиони тони нафта и нафтени деривати од вкупниот извоз на Запад се пренасочени во Азија до крајот на 2022 година. Вкупно се извезени 220 милиони тони. Од тоа, 40 милиони тони отидоа на исток. Годинава 140 милиони тони нафта и нафтени деривати ќе бидат пренасочени кон исток. На Запад ќе бидат извезени околу 80-90 милиони тони“, прецизира Новак.

Затоа, во 2023 година, Русија планира да пренасочи во Азија повеќе од 60 отсто од нафтата и нафтените деривати претходно извезени во Европа.
Од 5 декември 2022 година е на сила лимитот на цената на нафтата на ниво од 60 долари за барел, а од 5 февруари лимитите за нафтените деривати од Русија се на ниво од 100 и 45 долари за барел.
Министерството за енергетика на Русија објави дека земјата успеала да ги пренасочи испораките на нафта и нафтени деривати. Откако европските земји се откажаа од руската нафта, Индија и Кина почнаа да купуваат најголем дел од неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата околу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните…

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…