Објавено на:

Русија редовно одржува вежби на стратешките нуклеарни сили

t

Русија редовно одржуваше и продолжува да одржува вежби на стратешките нуклеарни сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин.


„Единствената разлика е во тоа што по распоредувањето на дел од нестратешкиот нуклеарен потенцијал на територијата на Белорусија, го спроведуваме заедно со нашите белоруски сојузници“, посочи рускиот лидер по завршувањето на руско-белоруските преговори.
Нуклеарните вежби на Москва и Минск не се ништо необично и НАТО ги спроведува истите вежби, нагласи рускиот лидер.


Путин оцени дека Русија со спроведување вежби со нестратешко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија не настојува да ја ескалира ситуацијата и додаде дека се се одвива според планот.
„Тоа е таква област каде што не смее да се дозволи никакви пропусти, грешки или недостиг на координација“, рече рускиот претседател.
Тој заклучи дека Москва целосно ги почитува своите обврски во областа на нуклеарното оружје и не прави никакви прекршувања во оваа област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…