Русија сака да го дели Гренланд со Трамп: Руски пратеник вели дека на Арктикот допрва ќе има тензии
Андреј Гуруљов, пратеник на руската Дума смета дека Русија треба да му обрне повеќе внимание на најголемиот остров во светот, Гренланд, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека ќе го припои островот кон САД и дека не ја исклучува воената анексија.
– Зошто да не донесеме средства и еднаш засекогаш да ја затвориме оваа тема. Во најлош случај, Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови… Јасно е дека Данска веќе нема да игра никаква улога таму – изјави Гуруљов, кој е член на владејачката партија Единствена Русија и генерал-полковник во резерва.
Гуруљов во гостувањето спомна и дека треба да се промени статусот на архипелагот Свалбард, кој е демилитиразирана зона, иако формално ѝ припаѓа на Норвешка со договор од 1920 година. Договорот им даде право на земјите потпинсички, вклучително и тогашниот Советски сојуз да ги користат ресурсите.
– Главната цел е да се воспостави нормален одбранбен систем и да се постави така што никој не би помислил да се меша во прашањата на Арктикот – изјави тој и потсети дека Свалбард е во непосредна близина на руската Северна флота.
Неодамна, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва внимателно ги следи изјавите на Трамп за Гренланд. Тој на новинарите им кажа дека новиот американски претседател би требало да ја земе предвид волјата на жителите на Гренланд, повлекувајќи паралела со рускиот став кон жителите на регионите кои Русија ги окупираше во војната со Украина.
Гренланд e најголемиот остров во светот. Брои 57.000 жители и бил данска колонија до 1953 година, кога добил автономијa. Копенхаген неколку пати повтори дека островот не е на продажба, a данската премиерка рече дека „Гренланд е на Гренланѓаните“.
Островот на референдум изгласа посебен закон за самоуправа во 2008 година кој дава повеќе ингеренции во внатрешната управа и го направи официјален Ескимо-алеутскиот јазик.
Островот е битен за САД поради стратешката позиција од која лесно се надгледуваат руските и кинески бродови во северната хемисфера, но исто така островот е богат со руда и природни богатства. Премиерот на Гренланд Муте Егеде најави дека е подготвен поблиску да соработува со САД во рударството:
– Мораме да правиме бизнис со САД. Почнавме да започнуваме дијалог и да бараме можности за соработка со Трам – рече Егеде на прес-конференција во Гренланд, пренесе Гардијан.
Повеќе челници на Западот изјавија дека наводите на Трамп не треба да се сфаќаат сериозно. Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека Трамп со изјавите се обидува да ѝ испрати порака на Кина.
Бриселски Политико анализираше дека воена окупација на островот би била најкратката војна на светот поради асиметријата на силите и фактот што САД веќе ја имаат базата Питуфик на островот.
Данска во таков случај би морала да се повика на членот 5 на НАТО и на заедничката одбрана на ЕУ кои би биле доведени во прашање од правен и политички аспект, се вели во написот.
‼️Russian MP Andrey Gurulev:
"We need Greenland, no joke. At the very least, we could make a deal with Trump and split Greenland into a couple of pieces. It is clear that Denmark will never be there again. Svalbard is also extremely important to us. There will be some very nice… pic.twitter.com/PNIeLdq8PS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 13, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија сака да го дели Гренланд со…
Андреј Гуруљов, пратеник на руската Дума смета…
Бугарија предлага нацрт-договор со Македонија за изградба…
Бугарската техничка влада испрати до македонската влада…
(Видео) Украински војник: Во споредба со Севернокорејците,…
Украинските безбедносни служби продолжуваат да испрашуваат двајца…
ЈП Македонија пат: Да се остранат возилата…
Се известуваат сите сопственици на возила на…
Лавров: Америка и ЕУ и ги виткаат…
Со новите антируски санкции во енергетскиот сектор,…