Русија се подготвува за средба со Украина во Истанбул!
Подготовките на Русија за разговорите со Украина во Истанбул продолжуваат, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, на денешната прес-конференција.
„Руската страна продолжува да се подготвува за преговорите, кои се закажани да се одржат во четврток“, рече тој, пренесе ТАСС. Песков истакна дека Кремљ засега не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лично да се сретне со Путин. Русија сè уште не објави на кое ниво ќе учествува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…