Русија си го кажа своето: Ако сакате гас укинете ги санкциите
Испораките на руски гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ нема да продолжат со полн капацитет додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите против Москва поради нејзината инвазија на Украина, објави Кремљ, пишува „Фајненшл тајмс“.
Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, ги обвини санкциите од Европската унија, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод што овој енергенс го носи во Германија од Санкт Петербург преку Балтичкото Море.
„Проблемите со испораката на гас беа предизвикани од санкциите што ги воведоа западните земји кон нашата земја и неколку компании“, рекол Песков, пренесува Интерфакс.
„Нема други причини кои би предизвикале проблеми со испораките“
Коментарите на портпаролот на Путин беа најотвореното барање на Кремљ до сега за ЕУ да ги укине санкциите доколку сака Русија да продолжи да испорачува гас на континентот.
Други гасоводи
„Газпром“, рускиот државен гасен монопол, доцна во петокот објави дека ќе ги прекине испораките преку „Северен тек 1“ поради технички проблем што го обвини за проблеми со поправките на турбините од германско производство во Канада.
Германската влада и ЕУ го отфрлија ова техничко оправдување, пишува ФТ.
„Важно е да се запамети дека не постои само еден гасовод од Русија до Европа. Доколку има технички проблем што ја отежнува испораката до Северен тек 1, тогаш има можност, доколку има волја, да испорачува гас преку други гасоводи. Сега не го гледаме тоа“, изјави Тим Мекфи, портпарол на Европската комисија за енергетика.
Русија сè уште и доставува гас на Европа преку гасоводите од времето на СССР кои минуваат низ Украина, кои се уште се отворени и покрај инвазијата, иако преку гасоводот Јужен тек низ Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…