Русија соборила 125 украински беспилотни летала на нејзина територија
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, додека локалниот гувернер изјави дека бил погоден станбен комплекс во западниот град Воронеж.
Одделно, Вјачеслав Гладков, гувернер на западниот регион Белгород, рече дека еден маж е убиен во пограничниот град Шебекинo, а осум цивили се повредени во поширокиот регион во напади со беспилотни летала и ракетни истрели во изминатите 24 часа.
Како што Русија напредува во источна Украина, Киев се обиува да го префрли конфликтот во Русија со прекуграничен напад на западниот руски регион Курск на 6 август и сè помасовни апади со беспилотни летала подлабоко на руска територија. Меѓутоа, извори од двете земји послените денови известуваат дека украинските сили со големи загуби во жива сила во вооружување се истиснувани од Курск.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека неодамнешните напади биле насочени кон јужниот регион Волгоград, над кој биле соборени 67 беспилотни летала. Тие рекоа и дека пресретнале 17 беспилотни летала над регионите Белгород и Воронеж и дека 18 биле соборени над Ростов.
Александар Гусев, гувернер на регионот Воронеж, преку апликацијата Telegram објави дека соборен дрон паднал врз станбен комплекс и предизвикал пожар. Според првичните информации пожарот е изгаснат и нема повредени.
Каналот Mash на Telegram објави видео на кое наводно се гледа како пожар го зафати последниот кат на повеќекатната зграда во Воронеж. Reuters не можел веднаш да ја потврди снимката.
Напади на Запорожје
Најмалку 11 лица се ранети во неделата во серија руски ракетирања врз Запорожје во јужна Украина, соопштија украинските спасувачки служби, а пренесува AFP. Регионалниот главен град, од кој руските сили стратешки се повлекоа минатата есен, беше цел на неколку „масивни воздушни напади“ в зорите, соопштија службите за вонредни состојби.
„Зградата и шест куќи од различни делови на градот претрпеа значително уништување“, велат тие, додавајќи дека спасувачите се обидуваат да ги извлечат наводно затрупаните под урнатините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на лебот може да се зголеми…
Русија, најголемиот светски извозник на пченица, значително…
Сиљановска и Филков разговарале за нов Закон…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила работна средба…
„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…
Утре без вода дел од населба Нерези
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје…
„Гласен текстилец“ : Дали оние што сакаат…
Здружението „Гласен текстилец“ не отстапува од нивната…