Русија со силна поддршка за Србија на седницата за Косово во Советот за безбедност на ОН
Приштина се обидува да го промени договореното и да ја претвори Заедницата на српски општини во некаква невладина организација и тоа мора да се отфрли, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации на денешната седница на Советот за безбедност посветена на Косово.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја денеска изјави дека ставот на Москва за Косово и Метохија не е променет, и дека Белград и Приштина треба да постигнат договор врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
-„Договорот мора да биде во интерес на Белград и Србите и мора да биде поддржан од Советот за безбедност на ОН“, рече Небензја.
Тој изјави дека состојбата во Косово е алармантна и дека во последните месеци е доведена на работ на нов конфликт.
„Приштина, со поддршка на западните земји, продолжува да се обидува да ја преземе контролата врз териториите каде што живеат мнозинството Срби“, рече Небензја.
Рускиот претставник во ОН истакна дека меѓународната заедница не е загрижена за човековите права кога се работи за српското население.
Тој потсети дека од 1999 година, мнозинството од неалбанското население на Косово и Метохија било принудено да ги напушти своите домови.
Небензја истакна дека објектите на СПЦ се под постојани напади и изјави дека од доаѓањето на Албин Курти на власт во февруари 2020 година, забележани се повеќе од 300 напади и случаи на насилство врз Србите.
„Криминалците, како и обично, не се гонат“, рече тој.
Рускиот дипломат посочи дека е невозможно да се решат постоечките проблеми без преговори, постигнување договор и формирање механизам кој би ги заштитил Србите на северот на Косово, како и оние кои живеат јужно од Ибар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…