Русија: Таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж е во затвор во Белорусија
Алексеј Москаљов, Русин обвинет за дискредитација на руската војска откако неговата ќерка нацрта антивоен цртеж, е во притвор во Белорусија, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руската амбасада во таа земја.
ТАСС ја цитираше прес-службата на амбасадата: „Потврдуваме дека државјанинот на Руската Федерација Алексеј Москаљов е приведен на територијата на Република Белорусија. Тој сега е во истражен затвор во градот Жодин“.
Алексеј Москаљов беше осуден за дискредитација на вооружените сили и осуден на две години затвор, а неговата тринаесетгодишна ќерка Марија, односно Маша, е сместена во дом за незгрижени деца.
Минатата година, на час по ликовно, Маша нацрта цртеж на кој се прикажани руски ракети кои летаат кон Украина и паролите „Слава на Украина“ и „Не на Путин, не на војната“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…